Во новото продолжение на радио-серијалот „Ако никој не свири“, во недела (15 февруари) со почеток во 22 часот во глувата соба на „Канал 103“, мини концерт во живо ќе одржи Телемама. Станува збор за музички проект/псеводним на визуелната уметница Драгана Заревска, започнат во 2014 година. Нејзините навидум едноставни песни, отсвирени на акустична гитара и укулеле, се комбинација на лични прикази и социјална поезија, нежни и истовремено благо морничави. Песната „Вале Терешкова“ на Телемама се најде на компилацијата „Некои девојки“ која беше објавена минатата година. На овој радио концерт таа ќе го претстави материјалот од нејзиното деби издание кое треба да се појави на пролет. Тон мајстор на концертот е Ненад Тонкин, а истиот ќе може да се следи и online на www.kanal103.com.mk
Нема коментари