Американскиот нео-пост-пант бенд The Soft Moon вечерва со почеток во 21 часот ќе одржи концерт вечерва во Младински културен центар. Настапот во Скопје е во рамките на големата европска турнеја на која овој бенд од Оукленд го промовира новиот албум „DEEPER“. На почетокот, во 2009 година, The Soft Moon е само соло-проект на главниот продуцент, пеjач, композитор и инструменталист во бендот, Луис Васкез. Тој издава два сингла, „Breathe the Fire“ и „Parallels“ и истовремено работи на неговото прво Self Titled ЛП. Пред издавањето на плочата, Васкез вложува енергија да создаде бенд од овој соло-проект, за да може да оствари потполно чувствено искуство преку лајв-перформансите. The Soft Moon користат и визуелни елементи на сцена како придружен дел од нивните настапи, кои често вклучуваат и лајт-шоуа. Нивната музика е спектар од повеќе жанрови како краутрок, пост-панк, психоделија, world music и дарквејв. Вечерта ќе ја отвори американскиот артист, стациониран во Берлин – Phase Fatale со настап во живо.
Нема коментари