Три години по одличниот настап на „Здраво Млади“, американскиот идни-рок бенд Chk Chk Chk (!!!) на 13 ноември се враќа во Скопје. Како што велат од Младинскиот културен центар, бендот на свое барање ќе одржи самостоен концерт во Дансинг Салата – 25 мај во МКЦ, овој пат како дел од програмата на филмскиот фестивал Cinedays. Билетите, кои се во строго ограничен број , ќе може да се набават преку „МК тикетс“, „Купи карти за сè“ и на Билетарница МКЦ по цена од 350 денари до 01.11. Потоа цена на билет ќе чини 500 денари, а на ден на концерт ќе биде 600 денари.
Групата „Чк чк чк“ e основана во 1996 година во Сакраменто, Калифорнија, како фузија помеѓу локалните состави Black Liquorice, Popesmashers и The Yah Mos. По заедничката успешна турнеја, овие три екипи одлучиле да го спојат диско-фанкот со ангажираните звуци. Името на бендот е инспирирано од титловите во филмот „Боговите паѓаат на теме“, во кој „говорот“ на Бушманите било означено со интерпункцискиот знак „!“. Првoто долгосвиречко издание, издадено во 2000. година, насловено како и името на бендот веднаш ја покажува магичната моќ на нивната уникатна денс музика, зачинета со бескрајно софистицираниот хумор. Во 2003 година следува популарниот сингл Me and Giuliani Down By the School Yard, додека вториот албум Louden Up Now, го издаваат во јуни 2004. (во Америка за независната издавачка куќа Touch and Go, а во Европа за англискиот денс специјалист Warp Records). Третиот, комерцијално најпознат албум Myth Takes го издаваат во 2007.
Бендот го сочинуваат Марио Андреони (гитара), Дан Горман (хорни/перкусии/клавијатури) Ник Офер (вокали), Тајлер Поуп (бас/електроника) и Ален Вилсон (хорни/перкусии/клавијатури). На турнеи се придружувани и од Шенон Фанкис (вокали), Шон Мек Гехен (електроника/звучна манипулација) и Пол Катроне (тапани). Во последните години бендот работи на релација помеѓу Сакраменто и Њујорк. Групата првпат гостуваше во Скопје во 2014 година на четвртото издание на фестивалот за нова музика „Здраво Млади“.
Дизајнот на плакатот за овој концерт го направи Иван Дургутовски.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари