Холандското модно дуо Виктор Хорстинг и Ролф Снорен повторно си играат со пропорцииите и концептуалните форми и во новата свадбена колекција за пролет 2018 во која, сепак, додаваат и елементи на безвременост и модерна класика. Богата со детали со уметнички дух, сложени техники како асиметрија, деконструкција и плисе, Виктор и Ролф нудат изглед за современи невести кои сакаат да изгледаат поразлично на денот на својата венчавка. Доминираат слоевити креации, цветни апликации, свилени карнери, но и елегантни комбинезони и мини фустани кои потсетуваат на стилот од 60-тите години.
Нема коментари