Правилата се создадени да се кршат, особено тие во модата. Оние што сакаат да најдат слобода и креативно исполнување и не сакаат да им робуваа на стилските заповеди повремено треба да прекршат некое од модните правила… Експериментирањето е дозволено и препорачливо за секоја возраст. Тоа може да ви донесе нова енергија, ново себеоткривање и притоа добро да се забавувате. Се чини оваа сезона и самите дизајнери, стилисти и трендсетерки прекршија и редефинираа многу од правилата. Едно од тие е комбинација на две или повеќе различни модели од џинс.
Престојната есен може да го проширите изборот на џинс модели, па освен задолжиелните фармерки кои може да бидат во ретро стил, како од 90-тите, сечени, молив форма, ѕвонарки со неколку нијанси и широки долги, изберете миди или мини џинс здолништа и џинс килот-панталони од оваа ткаенина. Комбинирајте ги со блуза со голи рамена, кошила, јакна или мантил исто така од тексас.
Иако на слика можеби изгледа компакно, често во праксата тешко ни оди да спиме две парчиња тексас. Најчесто станува збор за лична блокада, и страв дека околината ќе помисли дека станува збор за невкус или дека двете (или повеќе) моделчиња сме ги облекле набрзина. Сепак, има неколку трикови како да се надмине ова размислување.
Пред сè клучно е третото (неутрално) моделче. На пример, ако комбинирате џинс кошула и џинс здолниште, изберете соодветен колан, од кожа (црн , кафен) или пак некој со етно шара или впечатлив принт. чантата и чевлите исто така во оваа приказна играат голема улога. Втор трик е изборот на тексас парче кое е излитено, принтано, шарани или исечено. Тоа би се вклопило со секое друго моделче од овој материјал.
Исто така може едно од елеметите на стилскиот мозаик да биде со разигран, недефиниран крој, како пончо, кимоно, лелева блуза со голи рамена и слично. Креациите со строга форма, налик на моделите за во канцеларија исто така може да дадат компактен изглед. на пример, припиенакопула и молив здолните со шлиц.
Нема коментари