Од работничка облека, пижама и модел што се носи во лежерни изданија, оваа сезона комбинезонот се трансформира во елегантна креација за на работа. Модните куќи, стилистите и блогерите покажаа дека ова удобно парче облека може да се прилагоди на бизнис-имиџот. Во овој преоден период, повеќе парчиња од летната гардероба можете да ги вклопите во својот есенски изглед, а тоа важи и за вашиот омилен комбинезон.
Имајте на ум дека се е во стајлингот и во парчињата со кои го комбинирате и дека навидум најкежуал моделот, може да добие отмена конотација. Почнете со избор на соодветен колан, кој ќе ја одбележи линијата на вашата половина, и ќе му даде поженствен момент на моделот. Доколку станува збор за шарен модел, можете да го „смирите“ со еднобен блејзер и елек, кој ќе биде во ртн со шарата, но ќе и даде поофицијлна нота.
Не заборавајте на високите потпетици, кои ќе направам лежерното парче да добие бизнис-имиџ. изгледот заокружете го со дискретен ѓердан и со голема чанта. Ако имате еднобоен комбинезон, тогаш може да си дозволите повпечатливи ѓердан и чевли во некоја интерена боја или шара. Сепак, нека биде во рамките на простојното.
Доколку наменски бирате комбинезон за од 9 до 17 часот, тогаш внимавајте на материјалот, да не биде проѕирен, премек и како за на плажа. Изберете еднобоен или не толку шарен модел со дискретен принт и добро дефиниран горен дел. Може да земете в обзир комбизнеон со топ налик на кошула или на елек. Оваа сеозна актуелни се црните модели, кои можете на секое носење да ги комбинирата со различни додатоци и секогаш да изгледате поинаку. Промената на коланот и бојата на чевлите целосно ќе го смени впечатокот.
Нема коментари