Започнувате нова работа?! Се мислите што да облечете првиот ден за да бидете доволно преставителни?! Се двоумите дали треба да биде тоа формална комбинација или нешто полежерно?! Добитната формула е нешто помеѓу – нешто што во деловниот код се нарекува „бизнис кежуал“. Се разбира, ова е понатаму условено од видот на работата, животната средина и културата во која влегувате, но генерално во повеќето канцелариски професии бизнис кежуал стилот е прифатлив. Сепак, постојат неколку клучни точки кои можат да се применат во различни професионални полиња. Еве ги советите на блогерот Брајан Сакава (He Spoke Style).
Не претерувајте со дотерување – Првиот ден од новата работа не е вистнискиот момент да се дотерате и да се прикажете накитен како паун. Избегнувајте интензивни бои, шарени џебни марамчиња, впечатливи вратоврски или чорапи чувари, односно сè што е нападно. Исто така ова не е најдобриот ден за пеперушка. Освен ако не сакате во кариерата да бидете познат како „дечкото со пеперушката“.
Играјте со вашата конзервативна страна – Ова не значи строг, конзервативен стил, туку научете да ги употребувате основните бои на машка облека како сивите, сините и кафените тонови. И освен ако твојата канцеларија не бара да носите класичен костум, пробајте комбинација од едноставно палто и панталони. Може да бидат различни, на пример, еднобојни темни панталони со сиво карирано сако. Некогаш добро осмислената комбинација на сако и панталони може да покаже многу повеќе стил отколку изборот на костум.
Покажете го стилот на суптилен начин – Дури и кога се облекувате конзервативно, можете да покажете дека сте стилски човек без да емитирате визија на некој што слепо ја следи модата и е „во стил“. Тоа направете го преку еден впечатлив дел од комбинацијата, како трендовски скроен ревер на сакото, вратоврска со деликатна шара или мокасини.
Запознајте ги културата и стилот на канцеларијата- Како што ќе се интегрирате во вашата нова канцеларија, ќе почувствувате што е прифатливо во стилот. Секогаш е подобро да бидете усогласени со модата во канцеларијата и да не бидете оној кој се истакнува по чудниот изглед, ова особено важи во поконзервативна канцеларија и во корпоративниот свет. Ама заборавете го овој совет ако работите во модна и креативна индустрија.
Нема коментари