Кога облеката во црна боја ќе ви здосади, се прашувате како да ја замените оваа темна и толку универзална боја? Одговорот го бараме во уличната мода и изгледот на стилските ѕвезди кои неретко ја бираат кафената и нејзините тонови како алтернатива на црната. Облеката со чоколадни тонови може да биде разнолика и да се комбинира со повеќето гардероба што веќе ја поседувате. Една од најбазичните опции е кафената да ја носите со слични нијанси – на пример, темно кафени тонови со карамела, еспресо или беж. За поинтересен изглед, монохроматската комбинација можете да го разиграте со детаљ во друга боја, на пример со чанта во црвена боја. Кафената добро се слага со бела, сина и зелена боја, стилските ѕвезди кафената облека ја комбинираат со фармерки, ама и со црна боја, спротивно на старинското модно правило никогаш да не се мешаат црната и кафената.
Нема коментари