Го исчекуваме летото и летната облека со неколку модни комбинации кои одговараат на променливото пролетно време. Добра идеја за овој април е женското одело од лесна ткаенина и со широки панталони, кое одговара и за деловна прилика и за прошетка со пријателите. Неодминлива е комбинацијата од памучна маица, фармерки и широко сако – модна тројка која е совршена во модниот свет. Широката кошула со лесен принт може да носи во различни прилики, зависно од тоа со што ја комбинирате. Oва е идеално време и за носеше шарено плисирано здолниште, памучен фустан, широки панталони, сина кошула со машки крој и комбнинација од долг сатенски фустан и сако.
Нема коментари