Покрај впечатливите тонови, балон ракавите, долгите ретро фустани, корално-црвената боја и масивните џемпери, оваа сезона на модни недели ќе ја одбележи сивата карираната шара. Таа е една од најзастапените во стајлинзите на трендсетерките за време на Њујоршката модна недела, а можеше да се забележи за време на ревиите во Копенхаген и Стокхолм. Доминира и во колекциите на популарните high street брендови како „Зара“, „Страдивариус“, „Бершка“ и H&M. Најпрепознатливи се каро палтата со нагласен волумен како и панталоните со висок струк, како во 80-тите години, но може да се сретне и кај мини и макси здолништата, елеци, мантили и капути. Иако станува збор за доминантен дезен, многу е лесен и прилагодлив за комбинирање. А во тоа ќе ве уверат и умешните миксови на влијателните девојки од социјалните мрежи кои го носат со јаки бои, други дезени, па друри и парче во исшатата шара, но со поинаков принт . Ви претставуваме избор од најинтересните комбинации уловени за време на скандинавските модните недели, како и таа во Њујорк.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари