Мантилот е совршено транзициско парче за ова време, фармерките се задолжителни во вашиот гардеробер, а патиките светска тенденција во последниве сезони. Кога ќе се спојат сите заедно, се добива одлична пролетна комбинација. Предлагаме да изберете беж мантил со класичен крој и на него надоградувајте фармерки по ваш вкус (тесни и во црна боја или широки со boyfriend крој), патики што ви се омилени во моментот (шарени, Adidas или платнети старки), а финиширајте со маичка на пруги, бела кошула, голема или чанта за преку рамо. Ова е една од оние непогрешиви комбинации кои во исто време изгледаат шик и лежерно. Мала е веројатноста дека ќе ппогрешите во комбинацијата, а добро е што се состои од безвременски парчиња што скори сите ги имаме во нашиот гардеробер.
Нема коментари