Со само 25 години, најследената видео-блогерка Зоела заработува 50.000 фунти месечно. Според The Sunday Times девојката, која има 10 милиони следбеницина својот канал на YouTube, своето богатство го стекна благодарение на туторијалите и снимките со совети на својот видео-блог.
На листата на влогери со најголема заработка се најде и Тања Бур со 20.000 фунти месечно. Нејзиното богатство е проценето на 1,5 милиони фунти. Американската влогерка Мишел Фан искеширала 2.1 милиони фунти годишно. Нејзините туторијали биле прегледани околу 1 билион пати, а од продажба на производи има заработка од 63,5 милиони фунти годишно.
Благодарение на својот видео-блог со туторијали за шминка на шпански јазин, Марианд Јуја Кастехон месечно има приход од 31 илијади фунти. Рејчел Бани Мејер, пак, заработува 34 илијади фунти со видеата постирани на @Grav3yardgirl.
Нема коментари