Во рамките на Париската модна недела авангардниот дизајнер Рик Овенс ја прикажа новата колекција за пролет-лето 2016 на најневообичаен начин – тој буквално ги заврза манекенките една со друга, создавајќи човечка конфигурација од која висат глави, раце нозе… Овенс на најбуквален и сосема бизарен начин ја покажа инспирацијата „жените ги поддржуваат жените“, но дали е тој успешен? Моден додаток од човек!? Човечки ранец!? Си го носите емотивниот багаж на рамо!? Всупност, колку концепт е премногу концепт!? Овенс секогаш шокира во своите ревии, минатата сезона претстави машка колеција со облека со отвори од кои ѕиркаа машките полови органи, па публиката е секогаш подготвена за нова бизарност. Дали е ова врвот на бизарноста и Овенс моќ и подалеку?
Една од клучните работи е што некаде меѓу ексценичните ревии и преконцепруалните претставувања на дизајнерите можеби се крие убава облека која паѓа не само во втор, туку во десетти план и станува тотално неважна. Ваквиот пристап е одличен кога креаторот нема доволно добра колекција, па преку пеформансот ќе ја сокрие недоследноста на својата идеја. Да се разбереме, ги сакаме модните ревии кои нè носат во светот на фантазијата и изобилуваат со драматика, ама задник во уста не е баш привлечна работа. (К.Т.)
Нема коментари