Дали модата успеа да нèе направи да се чувствуваме несоодветно? Колку чинат парчињата што се појавуваат во списанијата и дали можеме да си ги дозволиме? Според проценките на Ноа Велтман од Quartz кој пресметал колку чинат модните парчиња во неколку публикации, американски Vogue „води“ – односно ако ги купите сите креации што се вклучени во јунскиот број тоа ќе ве чини 343.368 долари, со просечна цена на еден производ од 850 долари. Во истражувањето во предвид се земени само цените наведени во модните едиторијали и написи, а не и оние од рекламните кампањи. Колку е ова реално и колку обичниот конзумент може да го следи животниот стил што го промовира Vogue? Одговорот е некаде помеѓу сфаќањето дека одредени списанија прогапираат елитистичка мода за одредена група и идејата дека она што го има во магазините треба само да ве насочи на актулните тенденции, а на вас останува како тие ќе ги преведете според вашиот стил и буџет.
Нема коментари