Една од најбараните колички за бебиња CYBEX дизајнирана од познатиот американски креатор Џереми Скот отсега може да се набави и во Скопје, поточно во продавниците за играчки и детска опрема, „Крш“. Станува збор за модел кој брзо го привлече вниманието на новинарите и модните блогери, а за него пишуваше и францускиот „Вог“.
Капсулната колекција CYBEX од Џереми Скот, составена од 300 примероци, е лансирана во неколку европски метрополи и секаде е дочекана како вистинска ѕвезда– во Париз во познатата „Galeries Lafayette“, во белгиската луксузна продавница „Jule and Juliette“, во Варшава во најпопуларната модна продавница „MYSIA“, а кај нас ќе биде поставена во продавницата „Крш“ во „Сити мол Скопје“ (2 кат). „Крш“ деновиве отвори нов продажен простор во „Веро Шопинг Центар Скопје“, која е најопремена продавница од овој тип кај нас
Џереми Скот е познат по работaта за брендови како Adidas и Moschino, а има соработувано со дел од најголемите музички ѕвезди како Кети Пери, Мајли Сајрус, Ријана, Лејди Гага, Рита Ора, како и Џаред Лето и сестрите Парис и Ники Хилтон.
Нема коментари