Пролетната колекција на Kiko Milano, козметички бренд кој од неодамна е достапен и кај нас, е во знакот розовата боја и проиводи кои нудат сјаен ефект. Во пролетната шминка обично тоновите стануваат многу помеки и посветли, брендот одговара на потребите за поделикатна и поромантина шминка во пролетните денови.
Blossoming Beauty е името на оваа нова колекција на шминка на Kiko Milano која ќе нè пренесе во тајна градина која блеска со роса и е обвиткана во нежни и неодоливи цветни мириси благодарение на автентичниот спој на бои со која се нагласува нашата убавина.
Во неа можеме да надеме повече производи, бидејќи имаме комплетна линија на производи за шминка и нега на кожа кои се со високи перформанси, навлажнувачки и долготрајни формули, збогатени со состојки како екстракт од пченка, роза, калинка и бадемово масло.
Во колекцијата има сенки за очи, руменила, хајлајтери, сенки во облик на молив, течни сенки, сјаеви за усна и кармини во романтични нијанси, како и тоник за лице, освежувачки серум за очи и лице, крем за лице, камени пудри, бронзери, лакови за нокти, масло за усни, маскара и производи за веѓи.
Нема коментари