Модниот дизајнер Роберт Ивановски ја претставува новата колекција именуваа X, наменета за лето 2021 и се сотои од удобни и разновидни парчиња, лесни за комбинарање и движење. Појдовна точка на инспирација за колекцијата е јапонската борбена вештина на мечување кендо, односно основната традиционална облека (кендоги и хакама), која ја носат играчите.
View this post on Instagram
-Целата колекција е изработена од лен, кој е одличен природен материјал за топлите денови, црната боја е домининта и се состои од десет изгледи за девојки и момци. Колекцијата симболично го носи името X, која покрај тоа што брои десет изгледи, станува збор и за моја десетта колекција, а исто така и десет години како се занимавам со оваа професија – вели Роберт. Дизајнерот колекцијата ја претставува преку фотосесија која што ја изработи Дарко Мораитов. Модели се Искра Матиќ и Светислав Тобџиевски од модната агенција Моделс Ин, а за шминката се погрижи Ивана Спироска.
Нема коментари