Донатела Версаче во новата колекција на висока мода на „Версаче“ вели дека сакала да ја прикаже помеката страна на брендот и прикажа боемска верзија на вообичаната сексапилност и хардкор сензуалности. Ревијата на Versace Atelier се одржа во стартот на недела на висока мода во Париз, а моделите за есен 2015 ги носеа најпознатите манекенки како Карли Клос, Лара Стоун, Џоан Смолс и Дуцен Крос.
На писта украсена со илјадници цветови, манекенките како модерни нимфи прошетаа во новите креации – мултиколорни долги флуидни фустани од шифон, со цветни украси на косата и прерамки кои го обвиткуваат телото како гранки од бршлен. Новата колекција е естетска промена во однос на претходните, со многу лелеави материјали, карнери, пастелни бои и цветен дезен. Но, на помеката, романтична и полесна страна на Atelier Versace, не ѝ недостасува препознатливиот секскапил, но овојпат со доза на мистериозност и заводливост.
Флуидност на ткаенините, цветови како мотив, раскошни ракави и деконструирани корсети се главните состојки н новата колекција. Видовме и нова верзија на познатиот фустан со безопасни игли, со тоа што овојпат ткаенината е поврзана со цветови. Палетата е нежно пастелна, валкано розова, бледо зелена, боја на лаванда, со повремени блесоци на јаки бои како мандарина-портоклова и шокантно розова.
Нема коментари