Антонија Ристовска со својата најнова колекција на венчаници „Деница 2019“ носи креативна свежина и спој помеѓу модерниот и безвременски стил. Нежната женска силуета повторно е суптилна и заводлива во меките и раскошни материјали, свила и тантела. Дизајнерката ги поместува границите во модното изразување, неосетно задржувајќи ја естетиката од претходните колекции.
Инспирацијата за новата колекција е младата девојка која ја игра својата улога на главна Ѕвезда, ѕвезда во филмот во кој го слави својот нов почеток, својот нов живот. Креациите ја отсликуваат нејзината среќа и сјај, во исто време нежна и цврста, со својот став и слободен дух.
Новините во дизајнот се деликатни чипки кои изобилуваат со многу нежен светлуцав вез во својата основа, збогатен со кристали и бисери, пердуви и 3Д апликации. Новите едноставни кроеви со нагласен струк со пенасти, пердувести и сјајни ефекти ја покажуваат тенденцијата на брендот Антонија Ристовска да го задржи акцентот на безвремената женска убавина.
Модели: Марија Андоновска и Душица Андоновска
Фотографија: Ани и Дими
Шминка: Зоран Шурбевски
Фризура: Адо Мурис Хамзиќ (HairDo)
Локација: Охрид, во стариот гад и на пристаниште
Нема коментари