Славниот музичар Фарел Вилијамс ја претстави целата колекција на патики за спортскиот бренд adidas Originals. Патиките се во тон со еклектичниот стил на Фарел, со впечатливи бои, од бела, преку жолта, потокалова, розова, виолетова, црвена, зелена, сина, и неколку нијанси помеѓу.
Минатата година Фарел и adidas Originals лансираа колекција патики во која доминираа точките како шара, а кои се распородадоа во рекордно време. Па оваа линија, Superstar, е продожение на успешната соработка. Новата колекција adidas Originals Consortium Superstar е претставена во новиот број на италијанското издание на урбаниот и уметнички магазин L’Officiel Hommes. Преку 30 нијанси на различни патики ќе се најдат во продажба во март.
Нема коментари