Некои телевизиски серии оставаат печат поради модната тема, на пример „Селфриџис“, некои поради костимите, како „Сексот и градот“ и Mad Man, а новата серија која се врти околу модата и гламурот и која се прикажува од овој септември се вика „Колекција“ (The Collection). Дејствието е сместено во модниот свет во Париз после Втората светска војна, во години кога жените се облекувале дамски. Истовремено семејна драма и бизнис бајка, серијата ја истражува моќта на дизајнот во периодот по војната, кога модата всушност ја имаше моќта да го сменат светот. Кристијан Диор, творецот на New Look, овој перидо го нарекуваше „златното доба на модата“.
Серијата се врти околу фиктивната модна куќа Maison Sabine. Главните улоги ги имаат Ричард Којл и Том Рајли како браќата Сабин кои водат моден бизнис во Париз заедно со нивната мајка, автор и продуцент е Оливер Голдстик („Очајни домаќинки“, Lipstick Jungle, „Грдата Бети“), а зад проектот стои Amazon Prime.
„На крајот на краиштата, целта на мода е да задоволи и да привлече. А убавиот фустан води кон тоа еден маж и една жена да бидат заедно, да го обезбедат опстанокот на човековиот вид“, му вели кутуриерот Пол Сабин на циничниот американски новинар во една сцена од „Колекција“. Покрај премисата дека модниот дизајнер не само што има одговорност да креира убава креација, туку и да создаде привлечност што води до сексуален и зачувување на човечкиот род, серијата зборува за една контроверзна тема која со децении се избегнува – фактот дека дел од француските куќи кои и денес функционираат, развиле колективна амнезија за нацистичката окупација во Париз. На пример, Коко Шанел имала блиски односи со нацистите од кои добила голема заштита за време на Втората светска војна, дури и дека била нацистички шпион.
Нема коментари