Во топла и лежерна атмосфера е снимена новата кампања на Zara Home за есен-зима 2016. Новите производи на шпанскиот бренд со креации за по дома и за спиење ги претстави моделот Тони Гарн. Облечена во удобните модели, свилени пижами, наметки, кимона, џемпери, хеланки, памучни маички и ноќици од свила и тантела пред фотообјективот на Ден Мартенсен. Во колекцијата доминираат пастелните како и топли есенски тонови.
Нема коментари