На неделата на висока мода во Париз публиката вчера ја виде новата колекција на Карл Лагерфелд за „Шанел“ претставена на писта со сценографија која реферира на модно ателје. Лагерфелд и „Шанел“ колекциите на висока мода ги прикажуваат на огромни модни писти со одредена тематика, како казино, аеродром, куќичка за кукли, париско кафуле, стар театар… Овојпат избрана е најмодна тематика – класичен изглед на модно ателје со луѓето кои работат во него, оддавајќи на тој начин почит кон сите оние вредни луѓе кои се зад сцената, кројачи, моделари и мајстори, кои со часови макотрпно работат на рачна изработка на креациите од висока мода.
Шанеловата кутур колекција за есен 2016 е ода на твидот, ткаенината која ја одбележа работата на модната куќа, сега претставен преку кратки и долги палта, женски костими, во палета на бои кои се движи од петролеј-сина, сива, бледо розова и беж, како и во црно-бела боја, задожителната комбинација во „Шанел“ естетиката. Вметати се и златни и сребрени апликации, вез, пуф-ракави, а ревијата заврши со серија вечерни фустани, некои од направени токму од штоф и твид.
Нема коментари