Росица Мршиќ ја преставува новата линија на парчиња облека што комбинираат нагласена фигура со релаксирана форма во новата колекција за есен-зима 2015/16. Колекцијата е наменета и одговара на жените со кариера што зрачат со индивидуалност и карактер.
Инспирацијата е базирана на трилогијата 1Q84 од Харуки Мураками, како референца за временски период, од каде е црпен сензибилитетот и одлучноста на жената. Тоа е преплетено со силуетата од шеесеттите години за да се добие здолниште над колена со прецизни линии во структурна форма и игра на припиена наспроти широка и релаксирана силуета. Естетиката на колекцијата суптилно разработува детали од јапонската традиционална облека.
Употребени се природни и топли материјали, волна и букле, за изработка на парчињата облека. Нагласувањето на инспирацијата од јапонскиот изглед дополнително е постигнато со омекнување на целосниот изглед преку употребa на свила, со цветни мотиви и еднобојна. Применети се темни виолетови тонови, портокалова, сива и црна боја.
Росица Мршиќ ја продолжува интернационализацијата на брендот, преку продолжување на пласман на колекциите на интернационални онлајн продавници и реализација на понудите за креирање дизајнерски профил на неколку светски познати дизајнерски платформи, од кои најважна е соработката со платформата Nineteenth Amandment која ги нуди парчињата на Росица Мршиќ преку американската реномирана модна куќа Macy’s.
Колекција на Росица Мршиќ е комерцијална и е достапна во нејзиното студио, во бутикот Виа, на онлајн продавницата на дизајнерката и на онлајн продавница Bastet Noir во Македонија и на интернационални онлајн продавници: Nineteenth Amandment, Etsy, Youngrepublic, Yeloox, Etniico и Mytrnd.
РОСИЦА МРШИЌ
Есен-зима 2015/16
Фотографија: RMStudio
Модел: Ангела Карова
Шминка: Елена Арсовска
Фризура: Panache
Нема коментари