Трендсетерката Оливија Палермо ја претстави новата ексклузивна колекција за Nordstrom – Chelsea28 . По успешните линии за пролет и за лето под оваа етикета, Палермо креира модели и за претстојната есен 2016. Станува збор за 23 парчиња инспирирани од 70-тите години. Застапени се креации какви што и самата Оливија носи, елегантен спој на класиката со модерното, со ретро нишка. Понудени се бохо кошули со карнери, палто и панталони од твид, кожени комбинезони, плетени фустани до под колена, избледени фармерки, ролка од тантела… Направен е микс од црната и белата боја. Стајлинзите се надополнети со шик чевли на висока потпетица. Моделите ќе се најдата во продажба оваа недела.
Нема коментари