Со многу мониста, реси, пердуви, принтови и транспарентни материјали и везови е новата колекција што британскиот супермодел Кејт Мос ја дизајнира за брендот за урбана секојдневна мода, „Топшоп“. Лансирањето на новата линија доаѓа три и пол години по последната нивна соработка. Моделите се симпатичен микс на кабаре-стилот од 20-тите години и бохо-кројот. Понудени се коктел-фустани, и креации испирирани од луксузните ноќници. Манекенката облечена во моделите со свој потпис позира за фотографот Ник Најт, а фотографиите есклузивно се промовирани во новиот број на Vogue UK. Креациите ќе се најдат во пrодажба на 30 април.
Нема коментари