Ајрис Апфел, 94-годишната стилска легенда се здружи со Macy’s I.N.C. и конечно најавува своја модна линија. Во соработка со брендот на Macy’s ќе креира колекција инспирирана од мод-стилот од 60-тите години, ќе биде насловена Iris Meets I.N.C. и ќе содржи ретро дезени, здолништа со А-крој, впечатливи јакни, лелеави фустани и накит каков што Ајрис сака да носи – парчиња што се претпоставува дека ќе станат доста барани. Според Ајрис, нема да има мини здолништа и блузи без ракави, кои сепак не се соодветни за повозрасните. Ајрис можеби е возрасна по години, но секако е со младешки дух, па затоа заедно со колекцијата која што ќе се промовира во септември, ќе се лансираат и емоџис со ликот на Апфел. „Да се радуваат и децата“, вели Ајрис која многу се радува на соработката со Macy’s, бидејќи тоа е првата стоковна куќа во која воопшто почнала да купува.
Нема коментари