Шведскиот моден бренд H&M соработува со еден од најголемите американски музички фестивали „Коачела“ на нова колекција. Креациите, наменети за двата пола, ќе се продаваат по цена меѓу 4,9 и 49,95 долари. Линијата H&M Loves Coachella ќе содржи лежерни и бохо креации, од удобни материјали. Ќе бидат понудени кратки маички, широки панталони и модели збогатени со тантела и реси. Парчињата облека ќе се најдата на американскиот пазар од 19 март, а ширум светот едно недела подоцна.
Нема коментари