Се чини дека модните блогерки ја преземаа модната индустрија во свои раце. Откако станаа најголеми промотери на колекциите на познатите брендови и креатори, сè почесто се јавуваат во улога на дизајнери. Меѓу нив е Кетлин Барнс, авторката на модниот блог Carrie Bradshaw Lied. Таа неодамна креира женствена колекција за Morning Lavender, која доби позитивни критики.
Креациите не само што се трендовски, туку се и по достапни цени, под 100 долари. Застапени се бохо модели со голи рамена и карнери, лелави цветни фустани, долги широки панталони, комбиензони во неколку должини, авијатичарски очила за сонце, шешири, миди-здолништа со принт, чанти, како и дводелен црн костим за капење . Тоновите се неутрални, бели, светлосини, црни, а има и џинс парчиња.
Нема коментари