По повод Меѓународниот ден на жената Net-a-Porter заедно со добротворната организација Women for Women International лансира капсулна колекција на маички кои ги дизајнираа Стела Марартни, Ganni, Роси Асулин, Бела Фројд, Off-White и Chloé. Целиот приход од продажбата е наменет за жените погодени од војни и кои започнуваат нов живот. Познатите личности како Никол Кидман, Виола Дејвис, Дакота Фенинг, Наталија Водјанова веќе почнаа да ги промовираат маичките со моќни и феминистички слогани како „Девојки на врвот“, Љубов за тебе“и „Направи го тоа за баба“ напишано на неколку јазици.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари