Во пресрет на отворањето на новата H&M продавница во Скопје да погледнеме една колекција за претстојната сезона пролет 2024 – nova колекција од линијата Studio која содржи модерни силуети со референци на опуштениот стил од 1970-тите години
-Модата е во практично расположеие за пролетта, фокусирана на архетипите на гардеробата – палто со строг крој, фармерки, ласкав фустан – кои зрачат со тивка самодоверба. Сакавме да го доловиме тоа ненаметливо чувство преку прекрасно скроени современи парчиња кои лесно преминуваат од ден во ноќ, од сезона во сезона – изјави креативниот советник и шеф за дизајн на женска облека во H&M, Ен-Софи Јохансон.
Централно место во колекцијата H&M Studio се палтата со нагласени раменици, знак на моќното облекување од минатото, но новата флуидност зборува за денешната релаксирана сензибилност. Бледосиното кожено палто зрачи со едноставна софистицираност со опуштен крој. Впечатливи се фустаните – мини модел со принт од змиска кожа, како и долг и припирен фустан во загасито портокалова боја. Во колекцијата има и кожени модели, лелеави фустани и фармерки со широки ногавици.
Висококвалитетните материјали се во фокусот на оваа колекција – вештачка кожа, органски памук, како и низа поодржливи и конвенционални материјали како што е Infinna – целулозни влакна направени од рециклиран текстил.
-Оваа сезона дизајнерскиот тим имаше на ум креативци со слободен дух, кои се постојано во движење и подготвени за авантура. Гледајќи наназад во кодексот на облекување од 1970-тите и внесувајќи го современ кул изглед, сакавме да ѝ дадеме на колекцијата многу софистицирано чувство, со херојски елементи како кожен капут или фантастичен пар чизми до колена кои можете да ги носите во многу различни комбинации – вели Линда Викел, дизајнерка на концепти за H&M Studio.
Нема коментари