„Мистеријата на љубовта е поголема од мистеријата на смртта.“
Оскар Вајлд
Модниот дизајнер Димитар Бабков кој креира под името Son of Salome ја претстави новата колекција „Единаесетиот ден“, колекцијата која ја претставува состојбата на умот во која се доживуваат различните видови на љубов и борбата што ја имаме со самите себе. За колекцијата подготви фотосесија која што ја потпишува Антонио Станков, а позира манекенката Викторија Ристовска од „Моделс ин“.
Ви претставуваме дел од фотосесија, остатокот може да го погледнете на следниов ЛИНК. За инспирацијата и изгледот на колкцијата, дизајнерот ги напиша следниве размисли:
Земјата ја погледна планетата Теа и страсно се вљуби во неа. Оваа фузија ја остави земјата во прашина. Но кристалот од таа љубов ја роди Месечината.
Една од најграндиозните и возвишени емоции. Возвишена како небесните ангели, апстракна како универзумот и пеколно болна.
Колекцијата ја претставува состојбата на умот во која се доживуваат различните видови на љубов и борбата што ја имаме со самите себе.
Секој од деветте (9) изгледи раскажува различна емоција што љубовта ја носи.
Колекцијата е направена од материјали со апстрактни принтови што го претставуваат универзумот и бесконечноста на љубовта.
Ќе забележите и рачно изработени органски форми, текстури и фустани.
Модните додатоци се направени од метал за да потсетуваат на чувството на гушење и отпорност што може да наликува на отсјајот на Месечината (симбол на надеж).
11 – две бројки исправени како силуети кои како навидум да припаѓаат заемно но тоа не значи дека делат исти чувства една за друга или за себеси.
Ако ги разделите ќе забележите нов почеток, нов свет, нова емоција.
Првиот ден.
Фотографија: Антонио Станков/ Модел: Викторија Ристовска (Моделс Ин)/ Фризура: Social hair salon/ Шминка: Сим Салтирова/ Благодарност до: Занов Мите & Тони Петрушевски
Нема коментари