Од првите блогерски објави Кјара Ферањи на Blonde Salad поминаа неколку години, денес италијанската блогерка е големо име во модата и најбогатата во својата бранша, успешна и како дизајнерка. Неколку сезони наназад креира чевли под сопствено име, сама се појавува во своите рекламни кампањи, но за колекцијата за пролет-лето 2016 направи промена и одллучи да ја ангажира Лили Самнер за новите промотивни фотографии. Креациите од новата колекција на Ферањи се во ретро-стил, имаат јаки бои, поп-арт слогани и со мотиви на очи, ѕвезди и Wonderwoman.
Нема коментари