Модната дизајнерка Лидија Георгиева веќе има претставено колекција на керамика и парчиња мебел, овој дизајнерски свет повторно ја преокупира периодов и заедно со архитектката Искра Јанковска Михајловска ја креира колекцијата „Блупринт“ што премиерно ќе биде откриена на Неделата на дизајн во Скопје (Skopje Design Week), што од 23 до 27 ноември ќе се одржи во „Јавна соба“. Колекцијата е сензибилен спој на моден дизајн и архитектура, во интимен универзум на дизајн за дом, а во неа сместени се отпечатоци на перници, завеси, ѕидни декорации и мебел. Брендот ИСКРА И ЛИДИЈА е производ на нивното долгогодишно искуство во дизајнот и визуелната уметност. Со богата биографија помеѓу Париз и Скопје, резултатот е зрел естетски израз, креативен разговор меѓу архитект и моден дизајнер. Приказната е раскажана во софистициран стил, со избор на луксузни материјали и рачна изработка. (K.T.)
Нема коментари