Ивана Кнез можеби е позната како дизајнерка на модни додатоци, но низ годините ја видовме како креира и облека, а пред неколку дена во скопската дискотека ја XO ја претстави новата колекција наречена Addict. Кнез која својата работа ја потпишува под етикетата „Драма“, за есен-зима 215/16 прикажа нејзините размисли за обликот на телото и за современите зависности. Таа својата ревија ја почна со серија бели креации кои се спој на минимализам и авангардни кроеви, која потоа ја развива со комбинации со сребрени панталони и здолништа во футуристичен манир, црни фустани и палта, класични панталони со висока половина, вештачко крзно, како и исцртани фармерки или навезни со lovecats-логото на Кнез. Ревијата ја отвори познатата манекенка Елена Трајановска, а се Ана Калачоска, Јована Нешова и други модели од агенцијата „Моделс ин“. Стајлингот е дополнет со накит и чанти на „Драма“ и чевлите на брендот Bata, фризурите се дело на Милена Чапова од „Урбан артист“, а шминката на Кристина Калајџиева.
Нема коментари