Со модната недела во Париз беа заокружени претставувањата на новите колекции за есен-зима 2023/24. Нова елеганција, романтизам и омажи на работата на основачите на големите париски модни куќи провејуваа низ колекциите на дизајнерите и брендовите што традиционално се претставиуваат во Париз.
Оливие Рустен кај Балман, исто како и Вакарело кај Сен Лоран и Жулиен Досена кај Пако Рабан, пробуричка низ архивите на основачот на брендот за да се инспирира за новата колекција. Британскиот бренд на Вивиен Вествуд ја претстави првата колекција по смртта на познатата дизајнерка. Харис Рид го направи своето деби како креатор на модната куќа Нина Ричи.
После неколку скандалозни одлуки и чекори на модната куќа Баленсијага, дизјанерот ДЕмна Гвасалија одлучи да игра на сигурно и последната колекција ја представи без сензација и во смирена атмосфера. Даниел Расбери кој креира за куќата Скјапарели после повеќе haute couture колекции, ја претстави првата претапорте колекција. Британскиот дизајнер Џонатан Андерсон продолжува да си игра со перцепцијата и во новата колекција на Лоеве.
Погледнете ги видеата од колекциите претставени на Париската модна недела:
CHANEL
ALEXANDER MCQUEEN
BALENCIAGA
LOEWE
ISABEL MARANT
SAINT LAURENT
VALENTINO
SCHIAPARELLI
VIVIENNE WESTWOOD
GIVENCHY
PACO RABANNE
ELIE SAAB
NINA RICCI
DIOR
LOUIS VUITTON
STELLA MCCARTNEY
LANVIN
MIU MIU
COPERINI
Нема коментари