Колекциите есен–зима 2014/15 на поголем дел од учесниците на неодмнешното издание на Моден викенд-Скопје се најдоа на продажба во концептуалнта прoдавница Lotus Design Store во „Скопје сити мол“. Покрај постоечките брендови во Lotus Design Store а прв пат ќе бидат претставени колекциите на тројца нови дизајнери:Јован Петровски- со моделите од своите брендови Squire и Blackout, брендот JZJ на дизајнерот Златко Јовановски и брендот за уникатен мебел „Сино студио“ на Ема Николова.
Македонскиот дизајнер кој работи во Бангкок, Јован Петровски во Lotus Design Store ќе ги претстави колекциите од своите брендови Squire и Blackout. Ова се креации за човекот од иднината, кој не им робува на навиките, дрескодовите и стилските ограничувања. Златко Јовановски со својот бренд JZJ, инспирацијата за својата колекција ја наоѓа во делата на славниот уметник Микеланџело. Во богатата палета тонови на колекцијата „Страшниот суд“, преовладуваат пастелните бои, особено давајќи драматичност со белата боја. Брендот „Сино студио“ на Ема Николова, пак, ја носи колекцијата на мебел „Трикон“ , која е изработена во духот на геометријата и симетријата, како основни начела на убавината. Елементите се замислени како функционални скулптури кои би го облагородиле домот.
Покрај новите брендови, посетителите во Lotus Design Store може да ги пробаат и колекциите, кои што оваа сезона беа претставени на Модната недела во Скопје, на дизајнерите Росица Мршиќ и Елaна Спасовска, колекцијатаТајмлес набрендот „Куфер“ од дизајнерката Андријана Динева, „Азбука“ на Стефанија Насеска и „Зебра“ на Ирина Тошева. Но исто така, може да се купат и колекциите есен-зима на Le Brand на Лили Кадинска, „4 Сезони“ на Марта Мирова, Macci на Мариа Спасеска и Vibrazioni на Александра Митковска. Дизајните од сите овие колекции преку Lotus Design Store може да станат и дел одгардероберот на посетителите.
Колоритната колекција на Росица Мршиќ, инспирирана од Tamara de Lempicka, ги спојува на едно место уметноста и модата преку моделите изработени под влијание на арт деко стилот. Андријана Динева ни ја носи колекцијата Тајмлес, која зборува за самоуверена жена, која не е определена од тековните тенденции и знае да ја помести границата на она што се нарекува женственост, жена која не прави компромиси и верува во безвременска класика. Креаторката Стефанија Насеска пак, продолжува „да си игра“ со буквите и овој пат ја донесе „Азбука“ – посветена на зачувување на нашата азбука и нејзина афирмација. Инспирацијата за својата Зебра колекција, модната креаторка Ирина Тошева ја добива од потребата да се истакне индивидуалноста во урбаната џунгла во која што динамично живееме.
Нема коментари