Зошто да изберете едно заштитно лице кога може да ангажирате 27 модели за една кампања!? Модната куќа „Прада“ тукушто ја откри рекламната кампања за колекцијата есен-зима 2016/17 направена во колажен манир со фотографиите на легендарниот Стивен Мајзел, а во која се појавуваат дури 27 манекенки, меѓу кои се Мила Јовович, Стела Тенант, Саша Пивоварова, Ракел Џимерман, Фреја Беха Ериксен… Темата на светски патник од колекцијата пренесена е и во кампањата не само преку креациите, така и во позадината која прикажува различни места на планетата.
Во колажно раположение е и Карл Лагерфелд кој за новата кампања на „Шанел“ подготви колажни композиции, а дизајнерот тврди дека дека му е смачено од обичните реклами со девојка која носи чанта во раката. „Рекламните кампањи стануваат предвидливи, па одлучив да направам колаж. Ги обожавам колажите, а есенската колекција е идеална за оваа техника“, вели Карл. Во рекламата се појавуваат Маријакарла Босконо и Сара Бренон чии фотографии се исечени и ставени на позадина на бисери, или на штепована црвена кожа од познатите чанти на „Шанел“. Фотографиите ги потпишува Карл, а стајлингот е на Карин Ројтфелд.
Нема коментари