Кога една графичка дизајнерка ќе се фати да пече колачиња резултатот е шаренило од бои, форми, мотиви и идеи. Холи Фокс, графичка дизајнерка од Лос Анџелес ги споила токму нејзината професија и љубовта за печење и основала дополнителен бизнис за правење колачиња, наречен HollyFoxDesign. Сега Холи ги користи колачињата како платно за да компонира симпатични и шарени илустрации што се јадат. Мешајќи ја нејзината љубов за благо и колачи со многи бои и уметност, таа создава шарени духови, снегулки, гризнати лубеници, кригла со пиво, медузи и други морски животни, ананаси, фламинга и палми…
-Шеќерните колачиња почнав да и правам пред пет години, спојувајќи ја мојата сраст за шарен дизајн со печење. Ме интересираше дали ќе успеам да направам кралска глазура каква што сум гледала на прекрасни колачи, а оттогаш измешав многу, многу боја и исцртав безброј цртежи. Ова е нешто што обожавам да го правам – вели Холи.
Нема коментари