Откако ја претставија новата алта мода колекција на скалите на ресторанот Фонтелина на островот Капри, дизајнерското дуо Долче и Габана приреди забава за околу 200 избрани гости. Во релаксирана атмосфера и со автентична музика на југот на Италија се забавуваа актерите Џесика Частеин и Чиветел Оџиофор, познати манекенки и врвни модни уредници, ќленови на италијанската аристократија и пријатели на дизајнерите Доменико и Стефано. Да ѕирнеме како изгледаше атмосферата на забавата.
Нема коментари