Спакувано во тегличка кокосовото масло може да се најди и кај нас, претставува еден од производите што сè почесто го купуваме и употребуваме, во готвењето, но има и голема важност во негата на кожата и косата. Добрата страна е што ова масло може да се користи за секаков тип на кожа – млада, зрела, сува, осетлива, нормална и мрсна. Следуваат неколку идеи како со кокосовото масло да направите природни препарати со кои ќе ја негувате кожата на лицето и телото, како и лесен трик за регенерација на косата.
Природен дезодоранс
- 2-3 лажици масло од кокос
- 1/8 чаша на сода
- 1/8 шолја пченкарен скроб
Загрејте го кокосовото масло во микробранова печка (доволни се 30 секунди или помалку, колку што е потребно да се стане течно). Се мешаат содата и скробот, полека додадете го кокосовото масло додека не добиете густа смеса. За добар мирис, додадете масло од лаванда. Дезодорансот се чува во фрижидер. За полесна употреба може да го ставите во искористена кутија за ролон-дезодоранс.
Хидрантен лосион за туширање
- Една чаша кокосово масло
- Половина чаша гел од алое вера
- Четвртина чаша сода
Кокосовото масло одлично делува на состојбата на вашата кожа. Идеално е за хидратација на сите видови, особено на сува и исушена кожа.
Средство за отстранување на шминка од лицето
- Една чаша дестилирана вода
- Една и пол лажица детски шампон (кој не создава солзење)
- Една лажица кокосово масло
- Неколку капки етерично масло (не е задолжително)
Прво загрејте ја водата во микробранова печка (околу една минута). Додадете го шампонот и тврдото кокосово масло, кое ќе се стопи во топлата вода. Потоа додадете неколку капки етерично масло. Со овој препарат успешно ќе ја отстранувате шминката, а во исто време и ќе ја хидратизирате кожата на вашето лице.
Нега на коса
Откако ќе ја измиете косата и го употребите регенераторот, земете мало количество на кокосово масло помеѓу дланките и нанесете го на влажна коса.
Нема коментари