Со моден сценски спектакл во режија на Дејан Пројковски, креаторка Тања Кокев на 12 април ќе прослави 10 години од основање на својот бренд. На перформансот наречен Under the Tuscan Sun (Под Тосканското Сонце), што ќе се одржи на големата сцена на МНТ, ќе биде промовирана новата колекција за пролет-лето 2016, по што ќе следува „Мулен руж“-забава.
-Годинава славиме мал јубилеј – 10 години „Кокев“, кој ќе го почнеме најпрвин со ревија за новата Ready-to-wear колекција за пролет-лето 2016, инспирирана од убавата Тоскана. Инспирацијата не потекнува само од прекрасните зелени пространства на Тоскана, туку е една фина комбинација на природата со тамошниот урбан живот, кој е во нераскинлив врска со модата и со лежерниот дневен стил на Италијанките. Лесни и лелеави здолништа, со тесни, романтично секси горни делови. Станува збор за колекција повторно изработена од прородни матријали во најголем процент свила. Ревијата ќе се случува на големата сцена на МНТ, во режија на Дејан Пројковски, замислена како еден спектакл- перфоманс. Веднаш после ревијата продолжуваме на коктел забава во стилот на Moulin Rouge, со многу црвено и црно, пердуви и многу кич, карактеристичен за тој кабаре-стил – вели Тања Кокев. (А.Н.)
Нема коментари