Модната креаторка Тања Кокев го откри идентитетот на својот нов бренд CLARIS
Модната дизајнерка Тања Кокев вчеравечер одржа модна ревија во МНТ на која ги претстави новите свечени креации, но откри и едно изненадување – дека отсега ќе твори под брендот Claris наместо досегашниот „Кокев“.
-Се одлучив за промена затоа што ми требаше нова енергија, нов почеток, нова приказна од која ќе се инспирирам за да творам. Claris има француско потекло и значи нешто чисто и јасно, како што се чувтсвувам јас во моментов, во кој точно знам што сакам да постигнам. Но значи и блесок, а модата е неретко причина да се чувствувате како да блескате на некој начин. Тоа ми влијаеше и на колекцијата која ја претставив во саботата, и со која го означив заживувањето на Claris, која се надевам ќе ги направи тие што ќе ги носат креациите да се чувствуваат како ѕвезди кои блеснуваат. И најважното на крај – се одлучив за Claris заради сличноста на името со мојата ќерка, Клара, мојата апсолутна сила и инспирација за се во животот, па и за креирањето… – вели Тања Кокев.
Посетителите на оваа couture ревија ја почувствуваа таа нова енергија преточена во 30 нови раскошни креации, претставени на самата сцена на МНТ префинето украсена со големи цветови од црна роза и во финалето со столбови со кристали, а целото модно-уметнилко искуство беше во режија на Дејан Пројковски. Колекцијата на Тања Кокев, сега веќе под брендот Claris откри интересни комбинации на органза, тантела, бисери, ленти и карнери во една богата, блескава и речиси декадентна приказна.
Нема коментари