Новата колекција венчаници на Кокев е микс од романтика, безвременска елеганција и виниџ гламур. Дизајнирана е за да заведе и да остави голем впечаток кај набљудувачите. Колекцијата се состои од фустани со волумен, тесни фустани, кратки и долги. Користени се модерни светкави материјали, тенок нежен тул и класичен квалитетен сатен со матиран сјај. Колекцијата изобилува со педантно изработени везови кај кои доминираат ботанички форми надополнети со текстури од монистри.
Колекцијата е претставена преку фотосесија што ја потпишува тандемот Ани Дими, а како амбиент е избран просторот пред Македонскиот народен театар во Скопје. Позираат Симона Станковска и Клара Кокев, шминката е на Дарко Мишовски, а фризурата на Дарко Петковски.
Нема коментари