Актерката и ултимативна модна икона, Сара Џесика Паркер, неодамна ги промовира првите чевли со свој потпис, кои ги дизајанира во соработка со Маноло Бланик. Приоритет на ѕвездата на „Сексот и градот“ ѝ било, шик- моделите, кои претежно се на висока потпетица и се со отворена пета или прсти, да бидат удобни и квалитетни. Тие се доста разновидни, кога станува збор за формата, бојата и дизајнот, и би можеле да одговараат на повеќе типови на девојки. Сите се дел од мозаикот што го комплетира изгледоти профилт на современата жена, онаа за која Паркер ги создала моделите. Својата линија ќе ја промовира почнувајќи од 28 февруари, најпрво во продавниците и поп-ап центрите во САД. Проверете кои од овие модели најмногу би ви одговарале вам.
КЛАСИЧНА И ЕЛЕГАНТНА
Несомнено секое од 25-та типови на чевли на Сара Џесика имаат елегантна основа, но овие три црни модели се олицетворение на вечната класика. Украсени со дискретни ременчиња, тие ја истакнуваат женственоста и ја издолжуваат ногата. Првиот примерок е со отворена пета и панделка на коланот, вториот е лакиран и со косо поставено ременче, а третиот се безвременски модел на сандала.
УРБАНА КРАЛИЦА
Смелиот избор на чевли со впечатливи форми и бои е заштитен знак за Кери Бредшо, ликот што Паркер го толкуваше во „Сексот и градот“, и кој воедно ја лансира во светот на модата и од неа направи стилска икона. Првиот модел е романтичен и шик, наменет за девојки што ги сакаат пастелните комбинации. Вториот е црвен и со своевидна плетенка од дебели ремени, идеален за девојки кои експериметираат со различните стилови и со облека од двата пола. Третиот, виолетов модел, со Y-ремен e најбарана форма на чевли за оваа сезона.
РЕТРО – ИСТРАЖУВАЧКА
Девојките кои наоѓаат инспирација за својот изглед во модели од минатите декади, ќе се препознаат во овие три модели: темносин дијзан со отворен прст, сандали со испреплетени колани во розова, сина, вилетова и крем боја, и кафен модел со повеќе колани на повисока платформа. Моделите потсетуваат на модата од 80-тите, 70-тите и 60-тите години, а се современ одличен додаток за повеќе пригоди.
СЕКСИ И ЗАБАВНА
Модели како за вистинска диско-кралица, златни, слеткави со висока потпетица, но удобен калап, со кои може да танцувате цела вечер и да немата проблем со глуждовите. Овие чевли се за девојки што сакаат да се забавуваат, и кои преферираат да изгледаат секси. Иако се блескави и провокативни, не мора да значи дека ова се парчиња само за вечерни излегувања, напротив тие наоѓаат примена и во секојдневниот изглед.
НЕПОПРАВЛИВА РОМАНТИЧАРКА
Розовите тонови и модели со цветови се иделни за дамите што се непоравливи романтичарки. Ова се примердоци за вечните сонувачки и за тие што секогаш остануваат девојки во душата. Првиот и последниот модел се исти, сандали со нежен цвет над прстите, со тенок ремени, а вториот е со дизајн налик на карнери и тантела.
БИЗНИС ДЕВОЈКА, КАРИЕРИСТКА
Дизајн што изгледа модерно, но со мал тон на конзервативизам, самоуверено, секси и пред сè удобно, е совршен избор за бизнис-дамите. Овие модели одховараат на сите парчиња кои влегуваат во официјално канцелариско или деловно облекување. Првиот е темосин со колан, со класичен заоблен преден дел и со минимална интервеција на едниот агол налик на набор. Вториот е црвен и дрзок, може да се комбинира со традиционални сиви костуми и да ви даде модерен изглед. Третите се повеќе избор за елегантни фустани костуми. Тие заради нежниот тон, близок до бојатана кожата, може да ја издолжат ногата.
ПРАКТИЧНА
За девојките што сакаат летно време да носат полежерни парчиња иделани се неколкуте модели кои не се на висока потпетица. Првите влечки се со леопардова шара и се совршени за тие сто негуваат боемски изглед. Вторите се сребрени влечки на висока основа во темносина боја. Последните две парчиња исто така ќе им се допаданат на романтичарките и на девојкте што сакаа ретро-креации.
Нема коментари