Кој кандидат е идеален за Ана Винтур? Веројатно никој не е доволно совршен ако се земе предвид нејзиниор строг и пребирлив карактер, ама постојат неколку особини што таа ги почитува и според неа се потребни за работа во престижен моден магазин. Или како што би рекле во филмот „Ѓаволот носи Прада“, наводно сниман по Винтур, милиони девојки сонуваат за работа во замисленото списание Runway, макар како асистент на уредничката. Сајтот Who What Wear направи компилација на неколку изјави на позната уредничка на американски Vogue, кои откриваат кои особини ги почитува Винтур кај своите вработени. Украдете дел од листата и применете на вашето работно место.
Култура
„Навистина сметам дека треба да излегувате и да ги посетувате културните настани како филмски проекции, театар и изложби.“
Доверба
„Дури и ако не сте сигурни во себе преправајте се дека сте, затоа што веројатно така ќе бидете многу појасни за другите.“
Завземе став
„Барам силни луѓе. Не ги сакам оние кои ќе се кажат „да“ на сè што ќе предложам. Сакам да бидам опкружена со луѓе кои не мора да се согласуваат со мене, и кои имаат сопствен став.“
Личен стил
„Креирајте свој стил… Бидете уникатни за себе и препознатливи за другите.“
Многу енергија
„Ми се допаѓа кога имам млади асистенти во мојата канцеларија, бидејќи тие имаат многу енергија.“
Амбиција
„Многу сум добра во делегирањето – луѓето работат подобро кога имаат вистинско чувство на одговорност.“
Отвореност за бои
„Јас никогаш не би се облекла во црно од глава до петици.“
Претставување
„Во денешниот свет мора да остварувате интеракција. Не може да бидете некоја тешка, срамежлива личност која не е во состојба да погледне некого во лице. Мора добро да се претставите.“
Нема коментари