Таа веќе има остварено соработка со модната куќа „Шанел“, се има појавено во две кампањи на модни колекции во 2013 и во 2015 година, а како една од миленичките на дизајнерот Карл Лагерфелд ја доби улогата во краткиот филм Once and Forever во кој ја глумеше Коко Шанел. Кристен Стјуарт сега е новото заштитно лице на новата линија на шминка на „Шанел“, а новата реклама ја фотографираше Марио Тестино. На првата фотографија се гледаат само очите на актерката, а и останатите портрети од кампањата ќе ги инкарнираат различните аспекти на современата жена.
Нема коментари