Познатиот издавач Taschen планира повторно да ја објави ексцентричната книга за готвење на Салвадор Дали. Готвачот Les Diners de Gala, кој е познат по бизарните илустрации со храна, првично беше објавен во 1973 година. Легендарниот уметник негувал пасија кон готвењето уште од детството. На шестгодишна возраст рекол дека кога ќе порасне сака да стане готвач, па со книгата на некој начин му се остварил сонот.
Сликарот бил познат по несекојдневните гала ручеци и забави, на кои гостите биле облечени во разни костуми, а покрај масата се шетале диви животни. Познато е дека постојат само 400 примероци од оригиналното издание на Les Diners de Gala, која содржи 136 рецепти, подделени во 12 подглавја. Меѓу содржините има и афродизијаци. Новото издание од Taschen може да се нарача и пред печатењето.
Нема коментари