Двете дизајнерки специјализирани за создавање накит во понеделник (31. март) отвораат заедничко модно студио наречено „Карла“, лоцирано покрај Безитен во Старата скопска чаршија, а во кое ќе се најдат нивните авангардни и уникатни креации. Ивана Кнез и Бранка Данчевска со „Карла“ ја потврдуваат меѓусебната соработка зачната преку студиото „Драма“, а и овојпат ќе се фокусираат на заеднички проекти. Нивното заедничко студио ќе претставува изложбен салон и модно ателје во кое љубителите на луксузниот стил ќе можат да најдат рачно изработен накит и уникатно дизајнирана облека.
Во последниве години Ивана и Бранка развиваа посебни етикети, „Драма“, „Карла“ и LOOM, преку кои прикажаа уникатен накит од бисери, украсни камчиња, филигран, плексиглас злато и сребро, како и дизајнерска облека, а сега влегуваат во нов моден свет преку заеднично студио. Првите чекори во новиот свет се закажани токму за понеделник, во 18 часот со отворањето на студиото „Карла“.
Нема коментари