Младата актерка и манекенка Клеменс Поези стана заштитно лице на новиот парфем на брендот Chloé. Русокосата убавица, која ја паметиме по улогите во серијалот за Хари Потер и „127 часа“, го претставува мирисот кој ќе се најде во продавниците наредниот месец. Од компанијата велат дека се одлучиле за Клеменс поради тоа што „таа одговара на естетиката на Chloé, и влегува во дефиницијата за француска заводливост“. Креативната директорка на куќата, Клер Вејт Келер, изјави дека Поези ќе му донесе нова, младешка префинетост на брендот.
-Клеменс е олицетворение на слободната природа и разигран шарм кој го претставува Chloé – вели Вејт Келер.
Нема коментари